Девојките веќе ја знаат моќта на добрата шминка, но момци вие мора да ги погледнете овие фотографии за да не се разочарате кога Вашата нашминкана принцеза ќе ја избрише шминката.
Додека повеќето фотографи го совладуваат Photoshop за да ги разубават своите модели, рускиот фотограф Vadim Andreev докажува дека и само добра шминка е доволна за да се направи целосна трансформација на било кој модел. Неговите фотографии пред и потоа, се навистина различни, но тоа е моќта на шминката. Во Русија постои една популарна изрека „пред да се ожените, прво одведете ја невестата во сауна“, таму ќе ја видите вистинската личност без сите козметички средства кои можат да Ве измамат. Тоа е стара изрека која постои уште пред појавата на Photoshop, но мора да признаеме дека овој сауна тест е попотребен денес.
Погледнете ги фотографиите, девојките можеби ќе научат нешто плус за триковите со шминкањето, а момци вие внимателно гледајте и не заборавајте, не е се како што изгледа. На крајот, внатрешната убавина е таа која не може да се шминка или да изгуби од своето значење со текот на годините.