Замислете дека постои банка која секое утро ја полни Вашата сметка со 86,400 евра. Ова се пари кои не се задржуваат за утре, можете слободно да ги трошите, а она што ќе остане, пропаѓа. Наредниот ден се случува истото. Што би правеле во ваква ситуација? Се разбира, би ги користеле парите до последниот цент секој ден, зар не?

Добрата вест е дека секој од нас има ваква банка. Таа се нарекува – време. Секое утро ни дава 86,400 секунди живот во овој ден. Секоја вечер секундите кои не сме ги искористиле добро се неповратно изгубени. Времето не дозволува пречекорување. Секој ден се отвора нова сметка и секоја вечер согорува она што не сме го потрошиле. Ако не успеете да го користите даденото време ја губите Вашата сметка. И нема враќање назад, нема планови за иднината… Научете да живеете секој момент, секој ден. Инвестирајте во денот така што би се посветиле најмногу на здравје, среќа и успех! Часовникот отчукува. Извлечете најмногу од денот.

Не ја знаете вредноста на времето? За да ја сфатите цената на една година, прашајте што мисли студент кој не успеал да дипломира. За да ја сфатите цената на еден месец, прашајте мајка која се бори за живот на предвреме роденото дете. За да ја сфатите цената на една недела, обратете се до уредникот на некој неделен весник. За да ја сфатите цената на еден час, прашајте двајца вљубени кои чекаат да се видат. За да ја сфатите цената на една минута, прашајте некој кој го испуштил возот. За да ја сфатите цената на една секунда, контактирајте со некој кој штотуку избегнал ужасна несреќа. За да ја сфатите цената на една стотинка, прашајте го натпреварувачот кој го освоил сребрениот, а не златниот медал на Олимпијадата. Негувајте го секој момент кој ви е даден. Споделете го со Вашите најмили… и не заборавајте – времето не чека никого.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМоќни насловни страници без познати личности
Следна објаваФото на денот | Четири генерации
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР