Британецот Thomas Wightman со својот тип на дизајнерско изразување создаде серија на скулптури преку кои визуелно ги пренесе сопствените лични емоции до една симболична форма. Што всушност се случува? Дизајнерот ги истражува мислите и чувствата на оние кои страдаат од опсесивно-компулсивно нарушување (OCD) со став дека сака да создаде глас на страдалниците сочувствувајќи со нив.

Секое од трите парчиња дизајн вклучува екстремно детални, рачно извајани страници од книги организирани во експресивни форми – „Удавен во опсесија“, прикажува хартиено бротче кое тоне во спирала на опсесија. „Соочен со сомнеж“ има рој од типографски инсекти кои ја јадат книгата, додека „Уништен воз на мисли“ илустрира прекинато патување кое симболизира период на вознемиреност и паника. Со користење на книгите како медиум, Wightman вели „книгата е првично затворена, криејќи ја зависноста од компаративен аспект како лицата кои страдаат од OCD, ја кријат својата зависност од блиските. Сепак, кога книгата е отворена – сите емоции се видливи на самите страници“.

1

2ж 3ж 4ж 5ж 6ж 7

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Во чевлите на мама
Следна објава„Музички“ инструмент на зграда
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР