Избегајте од вашите секојдневни обврски и релаксирајте се во природа. Никогаш нема да се изморите од позитивноста на природата. Таа има толку смирувачко, утешително и инспиративно влијание, влијание кое нема никогаш да исчезне. Колку повеќе работиме толку повеќе време трошиме свртени кон екраните и уредите, колку повеќе животот ни станува урбан, толку повеќе стануваме жедни да избегаме далеку од сето тоа.

Неверојатно е да се следат најновите решенија на старите дилеми: Како да се донесе повеќе зелен простор во градовите, како да се искористи неискористеното градежно земјиште и да се формираат рекреативни пракови кои ќе создадат поголемо уживање на луѓето и трошење на нивното време во природата.

Сепак можене да видиме фантастични примери за тоа како дизајнерите и архитектите, урбанистите и граѓанските организации имаат постигнато успех.

Луѓето се почесто патуваат на одмор во нивните викендици или летувалишта. Таму уживаат во чистиот воздух и убавата природа.

Децата одат по летни кампови, возрасните на пешачење и кампување, цели семејства на долги релациии со рекреативни возила. Туризмот во природата бележи брз раст, а таквиот станува се помодерен.


Во текот на  вашите брзи и динамични животи излезете во природа, уживајте во зелениот простор.
Од природата имате  рекреативна, еколошка, економска, социјална и здравствена корист, сепак природата ја сакаме бидејќи тоа е само едноставно природна убавина.

 

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР