Црвената панда (Ailurus fulgens) е мал цицач кој живее на дрво во источниот дел на Хималате и југозападниот дел на Кина. Таа е единствениот вид од групата Ailurus. Малку поголема е од домашните мачки и е црвеникаво-кафена, со долга бушава опашка, и тромав од поради тоа што предните нозе му се пократки. Се храни главно со бамбус, но спаѓа во групата на сештојади и може да се јаде и јајца, птици, инсекти и мали цицачи. Живее сам и е главно активен од самрак до зори, .а преку денот одмара.
Црвената панда од страна на IUCN е класифицирана во групата на загрозени животни бидејќи оваа популација се проценува на помалку од 10.000 возрасни единки. Иако црвени панди се заштитени со националните закони земји во кои се застапени, нивниот број во дивината продолжува да се намалува пред се поради загубата на природното живеалиште и фрагментација, ловокрадството, и намалување на опстанокот и плодноста поради вкрстувањето.


Физички карактеристики

Црвените панди имаат висина од 56-63 cm (22 до 25 инчи), а нивната опашка е долга околу 37-47 cm (15 до 19 инчи). Мажјаците тежат 3,7-6,2 кг (8,2-14 lb) а женките 4,2-6,0 кг (9,3-13 инчи). Горниот дел на телото им е покриен со меко крзно во црвеникаво-кафена боја, долниот со потемно крзно. Имаат цврсти заби а лицето им е светло со бели шари слични на оние на ракунот, кај секој од нив различно распоредени. Имаат тркалезна глава со средно големи исправени уши, црн нос и многу темни очи. Нивната долга влакнеста опашка со шест наизменични жолтеникаво-црвени прстени обезбедува баланс и одлична камуфлажа во нивните живеалишта од мов и дрвја покриени со лишаи. Нозете им се црни и кратки со дебело крзно на шепите. Тоа крзно им служи како термичка изолација на замрзнати и снежни површини и ги покрива жлездите за мирис кои ги има и на анусот. Црвената панда е претставена како цицач обвиснат на бамбус со силни, заоблени и остри канџи, во исправена положба висејши по гранките, лисјата и плодовите од дрвјата. Како и џиновската панда, и оваа панда го има “лажниот палец”, кој е продолжување на зглобната коска. Кога се симнува по дрвото со главата надоле, црвената панда го свртува глуждот за да го урамнотежи симнувањето, што е едно од ретките начини на симнувања на ваквите видови.

Црвената панда е ендемичен вид во умерените шуми на Хималаите, и ја има од подножјето на Непал на запад до Кина на исток. Најисточниот предел каде што може да се сретне се планините Куинлинг во провинцијата Шанкси во Кина. Таа живее во јужниот дел на Тибет, Сиким, Асам и Бутан, во северниот дел на планините на Мјанмар, и во југозападниот дел на Кина на планините Сичуан и Гонг Шан во Јунан. Може да живее и во југозападниот дел на Тибет и северниот дел на Аруначал Прадеш, но ова не е потвредена информација. Локации со најголема застапеност на црвени панди се Хималаите, за кои се смета дека се прибежиште за голем број ендемични видови во Плеистоценот. Распространетоста на црвениот панда не е секаде еднаква. Едно од постојаните живеалишта на ова животно е Мегхалаја, североисточна Индија.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР