Според години – тинејџер, според карактер – визионер, според образование – аматер, но според своите фотографии – вистински професионалец, Ве запознаваме со Стефан Соколовски. Перфекционист во душа, со импулсивна црта во себе, темпераментно срце, но доследен до крај, Стефан е фотограф кој создава нови светови благодарение на објективот. Со само неколку години дружба со фотоапаратот, има создадено огромен број фотографии кои го привлекуваат сечие внимание.

  • „Секој момент е неповторлив, секој призор е променлив, фотографијата е создавање живот на моментите и убавината која постои и исчезнува, живот кој трае додека постои фотографијата. Преку фотографијата, секојдневните сцени кои поминуваат низ моите зеници ги преточувам во спомени, преку објективот на мојот фотоапарат.“

Фотографиите кои ние Ви ги претставуваме се далеку од секојдневни; посебни сами по себе, во црно – бели тонови изгледаат полни со чувства на посебност, меланхоличност, суетност, грандиозност и перфектност.

11

12

13

14

15

16

17

18

19

20

Главна улога во овие фотографии има женската убавина во сета нејзина димензија. Поврзано со неговото уметничко име „Badstef“, претставувајќи ја неговата визија и мото смета дека сите негови фотографии се недоволно добри, “лоши” – неперфектни и дека секоја негова идна фотографија претставува нешто подобро, чекор поблиску до перфекцијата. Во потрага по перфекцијата тргнува од женската убавина која во неговите фотографии е предмет на блага и остра трансформација преку која до крајност се истакнува скриената убавина, откривајќи грандиозност и перфекција во нив. А зар постои нешто поперфектно од жената, која е вечна инспирација и симбол за убавината?

  • „За мене женската убавина е енигма која преку фотографијата сакам да ја разоткријам во секоја своја димензија.“
СПОДЕЛИ
Претходна објаваMiu Miu | Rasoir очила за сонце
Следна објаваВо прегратка на шумата | Nelleke Pieters
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР