Откако констатиравме дека Penguin Books подразбира книги за сечиј интерес, па дури го видовме и Тарантино во истиот формат, време е за нешто друго. По неодамнешното прославување 100 наслови на Penguin English Library, се потсетуваме на нивниот почеток каде на еден интересен промотивен начин – анимација со потпис на наградуваниот режисер Woof Wan-Bau, го води познатото Penguin лого на посебно патување во светот на книгите, каде истото е крунисано со невидена радост на крајот од видеото. Квалитетно видео со живи бои и суштинска порака: шармантен анимиран начин преку кој се враќаме кон љубовта кон книгите… низ очите на еден посебен пингвин!

1

2

3

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДевојче и маче – најдобри пријатели
Следна објаваНаправи сам | Сет слики
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР