Ако сте во потрага за моментално принтање  на  вашите фотографии за  помалку од 45 секунди откако ќе ги фотографирате, тогаш новиот Polaroid Z340 Инстант Дигитален фото апарат може да е вистинскиот  за вас. Polaroid Z340 е прв од следната генерација на инстант камери и комбинира 14 мегапикселна камера со дигитален принтер кој користи ZINK Zero Ink  технологија.  На врвот на уредот има 2.7 инчен LCD екран кој ви овозможува да ги видите  вашите слики пред да ги печатите.

Polaroid Z340 е способен за печатење околу 35 графики на едно полнење. Вашите дигитални фотографии автоматски се зачувуваат на SD картичка кои подоцна можете да ги преземете и зачувате на вашиот компјутер.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР