Во едно село пристигнал мудар старец. Местото му се допаднало и останал да живее таму. Старецот многу ги сакал децата од селото и често им правел подароци, но им подарувал само кршливи предмети.

Децата се обидувале да се однесуваат внимателно со подароците, но сепак често ги кршеле и се натажувале. После тоа, мудрецот им правел нови подароци, уште покршливи.

Еден ден родителите на децата дошле кај него:
-Ти си мудар и им сакаш само добро на нашите деца. Но, зошто им правиш такви подароци? Колку и да се обидуваат, тие не можат да ги заштитат. Подароците се прекрасни, но со нив е невозможно да се игра.

Старецот се насмевнал:
Ќе помине време и некој ќе им го подари своето срце. Можеби ова ќе ги научи да се однесуваат внимателно со кршливи подароци, овие и да ги кршат, јас ќе им направам нови… но ако скршат нечие срце, тоа е непоправливо!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваБезвременскиот Сааб
Следна објаваБлискиот Исток во Оксфорд | Zaha Hadid Architetcs
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР