Од фамозната авторка на серијата „Шопингхоличарка“ доаѓа и овој комедичен chic-lit роман кој ниедна девојка нема да ја остави рамнодушна – Ема Кориген е девојка во своите 20ти, чиј живот перцепира година исполнета со подеми, иако таа 24/7 оптимистично гледа на работите. Како вработена во Panter Cola London, навидум и се смешка унапредување.  Како девојка на Конор, таа се чувствува како девојка на Кен. Знаете, Кен на Барби. Како цимерка на Лиси и Џенима, таа знае дека ги има вистинските пријателки.

За жал, не секогаш работите се движат во планираната насока: на нејзиниот повратен авионски лет од разочарувачкиот состанок со потенцијален клиент, стравот од летање сосема ја издава Ема. Во афект на паника при турболентните моменти, таа успева да ги издрдори сите нејзини тајни, од безопасните до оние најдлабоките… како Конор не ја знае нејзината точна тежина, како златната рипка Семи во домот на нејзините родители не е истата рипка пред&после нивниот одмор во Египет, како на нејзиниот колега му го полева цвеќето со сок од потрокал секогаш кога ќе ја изнервира, како кафето на работа е ужасно, како не е сигурна дека воопшто има г-точка, како таа ги копира позадините на познатите интелектуални книги и се преправа дека ги чита и слично; на комплетно непознат, но симпатичен странец кој седи до неа во бизнис класата.

Ако некогаш имало личност без тајни, тогаш тоа е Ема пред непознатиот човек. За среќа, авионот слетува безбедно. Следното утро се упатува на работа каде сите се под стрес поради најавената посета на извршниот директор и основач на мега корпорацијата, Џек Харпер. Како што Ема не насетува, се наоѓаат очи в очи и… тој е странецот од авионот! Што ќе направи Џек со нејзините тајни? Тој ги знае сите нејзини, а таа ниту една единствена за него. Или… знае? И дали има начин да биде поштедена од ситните понижувања на работа и надвор од работа, согласно тоа што Џек ја има во рака? И дали тој мораше да биде проклето сладок?! Останатите детали кои нема да Ви ги откриеме само докажуваат дека за разлика од Џек, Divian Arts знае да чува тајна…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовет од дедото…
Следна објаваШангаj и безбедноста на пешаците
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР