Кога доаѓа периодот за купување подароци по повод празникот на жената, неодумиците се во кулминација поради фактот што константно купувате букет цвеќе и низа (не)потребни работи за Вашата баба, на пример. Нашата идеја е да Ве мотивираме да направите сами фотографии на магнет, во облик на цветови. Вие ќе го исполните предизвикот и ќе ја израдувате Вашата бабичка која што ретко Ве гледа. Повеќе од двојна добивка!

1

Што Ви е потребно:

капачиња од шишиња
клешти
чекан
спреј во боја
тенка жица
лепило
четка
мали магнети
ножици

2

3

6

Исчистете ги капачињата темелно пред да ги користите. Со клешта израмнете ги нивните рабови кон надвор. Следен чекор е да ги испрскате со спрејот во боја. Додека спрејот се суши, испечатете сликички од Вас како мали, Вашите сестри и браќа, братучеди или внучиња – секоја една од нив во облик на круг (чија димензија ќе ја приспособите на величината на капачето). Нацртајте ги и исечете ги.

7

8

 Нека се исуши лепилото додека Вие формирате стебло и листови за Вашите цветови – со ножици исечете еднакви должини и обликувајте го стеблото и листовите. Откако ќе завршите, на опачината од капачињата ставете лепило и втиснете ги жиците, а врз нив и магнетите.

10

12

13

Финалниот чекор во овој проект е штотуку завршен – останува уште да ги спакувате Вашите магнетни цветови и правец на ручек на баба. Верувајте дека истите ќе добијат почесно место на фрижидерот во нејзината кујна, местото каде што таа готви со љубов за Вас.

14

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваТипографски полици
Следна објаваГламурозни денови | Fernando Vicente
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР