Во овој свет…самиот човек е ништо.
Не постои друг свет, но овој…
Живееме во свет каде што се впуштаме во пеколот побрзо одколку што можеме да го поправиме.
Во таква ситуација секој од нас треба да ги затвори очите, да недозволи ништо да го допре, и да гледа само за себе.
Единственото нешто што е постојано е умирањето и Господ.
Кој си ти што живееш над сите нас?
Ти, смртта што го стига секој.
Ти си извор на сè, на сè што ќе се роди.
Твојата слава..милост…мир и вистина..Ти даваш мир на духот…разбирање и успех.
Задоволно срце.

Чуствувам жал за вас…
Се прашувате зошто?
Затоа што овој свет може да ве убие. Ако сте доволно паметни ќе се погрижите за себе, непостои нешто што може да го направите за другите.
Ако умрете, ќе биде залудно. Непостои друг свет каде што сè ќе биде во ред. Постои само овој…
Ова големо зло…
Од каде доаѓа?
Како краде од светов?
Какво семе е, во каква соба порасна?
Кој го прави ова? Кој не убива?
Кој не ограбува од животот и светлината?
Си игра мајтап со нас.
Дали нашата пропаст е во корист на земјата?
Дали тоа ќе и помогне на тревата да расне, сонцето да свети?
Дали е оваа темнина и во тебе?
Како го изгубивме доброто што ни беше дадено?
Да дозволиме да ни бега подалеку, безгрижно расфрлано?
Дали некогаш сте се почуствувале осамени?
Дали сеуште верувате во убава светилина?
Како го правите тоа?
Вие сте волжебници за мене…
Сè е лага. Сè што ќе слушнете, сè што ќе видите.
Сè што човекот може да направи…е да најде нешто свое, да направи свој остров.
Ако никогаш не ве сретнам во овој живот, ќе чуствувам празнина.
Сјајот од вашите очи и мојот живот ќе стане ваш.
Не знам што вие знаете, кои се вашите планови, но…станав одлучен.
Поминав низ сито и решето.
Знаете, можеби сум млад, но јас проживеав многу.
Јас сум подготвен да започнам да живеам добро.
Татко ми секогаш велеше дека може да биде многу полошо пред да стане подобро.
Знаете, животот не изгледа толку тежок додека кога сте млади.
Мислам дека најлошото помина. Време е да тргне на подобро.
Тоа го сакам. Тоа ќе се случи.
Стаувам повозрасен. Во никој случај стар, туку повозрасен.
Каде бевме ние заедно?
Кој беше ти?
Со кого живеев?
Со кој одев?
Брат?
Пријател?
Од темнина во светлина, од расправии во љубов.
Дали се тие измислици на еден ум, линии на истото лице?
Ох душо моја, пушти ме во себе.
Погледнете преку моите очи, погледнете за сите работи што сте ги направиле.
Сè е одлично.

Текстот е извадок од одличниот филм “Тенка Црвена Линија”.
Погледнете!!!

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР