Случајностите постојат само заради тоа што ние веруваме во нив. И токму затоа што веруваме, тие постојат и ни се случуваат. А непланираните, случајни нешта во животот се секогаш најубави…
Миговите кога погледот ќе се сретне со некој друг…И кога согледувате дека тој поглед зрачи со добрина, љубов и почит за и кон вас…На лицата, тогаш ја имаме најшармантната насмевка и светот ги има најубавите бои, затоа што токму тоа, неочекуваното ( љубовта е една таква работа) ги множи со нула сите општествени деформитети, сите материјални недостатоци и сите човекови грешки, идиотизми и глупости. Сфаќате колку едноставните нешта се прекрасни и колку многу ви требаат. Сфаќате дека ја барате втората половина од вашата душа, знаете дека таа не е совршена, но вашата љубов ја доближува до совршенство. Во тие, неочекувани мигови, заборавате на минатото, не ја планирате иднината, едноставно го живеете моментот кој е неповратен…Знаете дека тоа е тоа…Затоа што ние не постоиме заради времето, туку луѓето го измислиле времето и неговото мерење, за жал или за среќа.

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР