Директно и бесрамно – секој кој се соочува со ваков наслов, како по рецепт не може да ги одвои очите од корицата и кратката содржина. Но, се надеваме дека читателот кој ќе се зафати со посериозно инволвирање во приказната, нема да остане разочаран со развојот на истата. Скокотлив наслов и вкусна романса која крие изненадувачка порака: стартно, ќе Ве принуди да ја купите/позајмите/прочитате поради самиот наслов, но содржината која е материјализиран вокатив на страшната тајна која се крие позади маркетиншки совршено осмислено производство на чоколадо, делумно ќе Ве сепарира од конзумацијата на оваа, од Бога подарена, материја. Заводлива и забавна, оваа приказна е совршен избор за читање на оние кои целат кон опуштање, уживање и искусување на интелигентна романтична комедија која на крајот се изедначува со најслатката закана од сите љубовни маки.

Животот не е кутија со чоколатчиња, но за слатко оформените карактери на Кит Лоу, животот е чоколадо и чоколадото е живот, сервирајќи ни вкусна новела за себе-пронаоѓањето, разбирањето, сочувствувањето. Саманта Блеквуд е успешна новинарка која се враќа од истражувачка посета на Африка, каде таа ги документира маките на експлоатираните деца на плантажите со какао – таа се враќа во Њујорк за да му го загорчи животот на Мет Дејсон, самоуверен маркетинг директор на Trundel&Barr, чиј статус на фирма-гигант од областа на чоколадото, може да се препише само на Мет – верувале или не, „ново/бесплатно/чоколадно/секс“ е во суштина, само збир на она што највеќе се продава, а во суштина, станува збор за досетлива, а подоцна и успешна маркетинг стратегија на Мет. Убедена дека нејзиниот нов документарен филм ќе фрли сенка врз славата на водечката чоколадна компанија во САД, Сем не умее да претпостави дека, долж процесот на изложување и уништување, таа ќе се заљуби во Мет. И обострано: ладнокрвниот срцекршарч чија самодоверба е производ на успешноста не може ни да замисли дека ќе падне на шармот на оваа безмислосна новинарка.

„Да направи самата да се чувствува подобро, Самата започна да ги истражува сите позитивни аспекти на ситуацијата. На пример, тоа што е заклучена во фабриката за чоколадо е одлична основа за нејзината приказна во списанието… но, секој пат кога ќе погледнеше во насока на Мет, таа чувствуваше возбуда и анксиозност и сите мисли за нејзиниот документарец пропаѓаа во вода. Не е важно колку таа се обидуваше, неговата близина правеше набљудувањето на ситуацијата како чисто новинарско искуство да биде апсолутно невозможно.“

Случајно или судбински, Сем и Мет се наоѓаат себеси заробени во затворениот погон на фабриката за чоколада – по бројните обиди за бегство, дури и покрај огромните количини на обостран анимозитет и желба за обостран пад, сфаќаат дека се заглавени заедно и одлучуваат конечно да си дадат еден на друг шанса за пронаоѓање заеднички јазик. И да сфатат дека не е толку тешко да бидат во друштво еден на друг… опколени со чоколадо! Лесна, едноставна и динамична – на моменти наликува на пародична верзија на нешто што би требало да е романса, изведено преку маркетингшки трикови од една, и критички замки од друга страна; предводени од моќта на незаменливата, слатка материја. Дали е тоа зависноста од чоколадо или зависноста од љубов? Таа привилегија Лоу ја остава во рацете на читателот.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИскрени трејлери
Следна објаваФигури што лебдат | Bence Bakonyi
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР