Спомен куќата на Тоше Проески во Гумење, Крушево е меморијален дом каде се овековечени ликот и делото на најголемата и несомнено најпопуларната македонска музичка ѕвезда, модерна архитектонска композиција која симболизира хуманост, долговечност и верба.

1

Градбата со форма на крст, изградена воглавно од бетон и стакло, се простира на околу 870 метри квадратни. Крстот ја симболизира неговата верба, бетонот е симбол на едноставноста и долговечноста, стаклото говори за човековата минливост и ранливост, а водата ја претставува чистотата и животот. Екстериерот на ова уметничко дело е само вовед на она што Ве очекува внатре – модерен ентериер со чисти линии исполнет со фотографии и бројни лични предмети од детството, тинејџерството и врвот на кариерата на покојниот музичар. Во централниот дел на објектот е поставен молитвеник и лични верски предмети што ги поседувал, како и неколку негови запишани мисли за вербата, љубовта, семејството и пријателството.

Во склоп на објектот има и кафетерија, сувенирница, платформи со панорамски поглед на Крушево, хортикултурно уреден простор, парк со цреша и амфитеатар за собири и одмор на посетителите.

Потврда за супериорноста на оваа градба е престижната награда за најдобро архитектонско дело за 2011 година, освоена на Меѓународниот фестивал за архитектура во Барселона. Идејниот проект е на архитектите Дејан Секуловски и Дејан Спасеновски во соработка со Илија Божиновски.

2

3

4

5

6

7

8

9

16

10

11

12

13

14

15

СПОДЕЛИ
Претходна објаваВолшебни перничиња
Следна објаваDior Homme | Подвозник
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР