Амбиентот на ресторанот е подеднакво важен фактор во целокупното ресторанско искуство, како и самата храна. Многу сопственици на ресторани водејќи се од оваа парадигма се особено внимателни кога ја одбираат локацијата на просторот, а во конкретниов случај очигледно направен е вистинскиот избор. Италијанскиот ресторан Grotta Palazzese лежи во градчето Polignano a Mare, јужна Италија и овозможува да искусите вкусна медитеранска храна во исклучително уникатно опкружување – пештерски амбиент.

1

Ресторанот што ги поставува крајбрежните локали на едно ново ниво, се наоѓа во внатрешноста на варовничка пештера, со поглед кон синото море и истиот е дел од истоимениот хотел, кој е изграден на самата карпа. Амбиентот на ресторанот е интимен, преовладува суптилно осветлување и едноставен мебел – како намерно да е оставено на необичната локација да го презеде комплиментот за естетика.

Замислете ги звуците на водата која се бранува и нежното ветре на лице, италјанска храна придружена од добро вино со вистинско друштво…незаборавно искуство, зарем не?

2

3

4

5

6

7

8

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДа се има најдобар пријател
Следна објаваНаправи сам | Маица со линии
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР