Што е најдобар пријател? Фигуративна замисла или нешто вистинско и неопходно? Зар постои човек без потреба од најдобар пријател? Не, можеби не сите сме наишле на личноста на која можеме да и го отстапиме местото на пиедесталот наречен пријателство, но сите имаме потреба од пријател. Како знаеме дека некоја личност заслужува да ја понесе титулата за најдобар пријател. Кои се критериумите, условите? Мора да ја познаваме цел живот? Ние Ви нудиме некои од критериумите за препознавање на Вашиот најдобар пријател. Слободно дополнете доколку сметате дека сме заборавиле нешто.

Најдобриот пријател не мора да го познавате цел живот. Може да го познавате само неколку месеци, но да чувствувате дека го знаете цел живот и токму неговото присуство Ви недостигало до сега.

Најдобриот пријател не мора постојано да Ве фали и поддржува во се, тој треба да Ви ги посочува Вашите слаби страни и да Ве спречи да правите грешки.

Најдобриот пријател не мора да плаче и да се смее со Вас, но секогаш е тука за Вас без разлика дали плачете или се смеете.

Најдобриот пријател е личност на која можете да и кажете се, личност која не се наситува на Вашите проблеми и не Ви завидува на Вашата среќа.

Најдобриот пријател е личност со која можеш со часови да разговараш на телефон… личност со која кафето е најслатко… далечината неважна… трачевите интересни… темите за разговор неисцрпни… проблемите помали… радоста поголема… глупостите полесни… грешките незначајни… храброста поголема…

Најдобриот пријател е најдобриот подарок кој животот ни го подарува, потсетник дека животот е убав…

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСовршена камуфлажа | Art Wolfe
Следна објаваРесторан во пештера | Grotta Palazzese
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР