Она што го имаме тука е еден од оние технолошки откритија кои буквално може да ја промени фотографската индустрија и начинот на кој фотографираме. Lytro е сосема нова камера која ви овозможува да ја менувате фокусната точка на сликата.Предноста на Lytro е што дозволува, со еден клик, фокусирање на било кој дел од фотографијата и тоа додека ја прегледувате на компјутер. Можноста за дополнително едитирање на фокусот, Lytro ја прави со снимање на информациите од целосното светлосно поле односно „lightfield“. Технологијата постои повеќе од една декада, но Lytro е првата компанија што успеа да ја вгради во компактно тело што може да се држи во рака.Најважно е што камерата сега нема потреба од фокусирање на одредена точка, па фотографирањето е речиси инстантно.

Lytro има невообичаен дизајн, а ќе се испорачува во неколку бои. Синиот и сивиот модел имаат по 8 гигабајти вградена меморија (доволни за околу 350 фотографии) и цена од 399 американски долари. Црвениот модел има околу 16 гигабајти меморија (околу 750 фотографии) и чини 499 долари.

Пробајте го софтверот на Lytro со кликање на местото кое што сакате да го фокусирате на фотографијата доле.

 

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР