Овој раскошен имот се наоѓа во Монтесито, Калифорнија. Во средиштето на истиот е куќата во медитерански стил, која се протега на 1.300 квадратни метри и е опколена со ливади со разновиден хортикултурен декор.
Внатрешноста на куќата ја карактеризираат високиот плафон, прозорци преку целите надворешни ѕидови и генерално отворен простор каде речиси единствените врати се оние што ги одвојуваат секоја од шестте спални соби од остатокот од куќата. Дизајнот на ентериерот на овој нескромен дом е инспириран од елеганцијата и гламурот на 20-тите години од минатиот век во Париз.
А ако сето ова не е доволно да ја посакувате за себе, оваа куќа нуди неверојатен непречен поглед кон бескрајниот океан и зелените планински зданија во околината на топлата Калифорнија.