Достапноста на книги е примарната цел на постоење на библиотеките, покрај есенцијалната потреба од простор да почувствувате дел од магијата додека читате. Истото се перцепира како неуспех на многу библиотеки, имено поради оневозможеноста читателите да уживат во селектираните наслови во т.н. катедрала на душата. Но, постои еден момент на креативност кој умешно го побива овој факт: Bookmobile, отелотворената идеја за читална во движење, како проект-идеја на мексиканското Productura дизајн студио. Со просторен капацитет од 1200 книги, независно дали се изложени или складирани, истиот нуди можност за адекватно уживање со книгите.
Со возен ред низ Мексико Сити, Bookmobile се одлукува со уметнички книги за локалните уметници како мулти-ниво на читање. Повеќе од кул, повеќе од иновативно.