Кога пишувате историска подлога за Мурано, важно е да добиете смисла за значењето на стаклото во Венеција на крајот од XVII век. И кога ќе ја посетите Венеција, доказите заигруваат пред Вашите очи: градот се чини дека е целосно изработен од стакло, ги има најубавите прозорци на светот, стаклени лустери висат од фреско-плафоните на секој Палацо, базиликите пловат во мозаици од стакло и злато; додека од другата страна само на Вас чека мал милион продавници за сувенири каде ќе ги најдете Вашите стаклени мечти…

– вели авторката на Дувачот на стакло од Мурано, Марина Фиорато. Мурано е еден од трите острови поставени длабоко во лагуната на Венеција и важи за стакленото срце на Венеција. Во периодот на ренесансата, производството на стакло било драгоцен монопол за Република Венеција. Во срцевината на нивната мистерија лежи тајната за изработка на огледала – од разумна големина до проблематичен процес каде финалниот производ е поскапоцен од шафран, поскап од злато.

Вообичаено, романите кои се поставени во две времиња напоредно, сплотени во една приказна како по рецепт едната за нијанса останува занемарена. Но, тоа не е случај со сторијата зачната на Островот од стакло, шармантниот Мурано во италијански амбиент и автентичен талент на тамошните уметници. Иако приказната се одвива наизменично во Венеција од 1681 и Венеција денес, и двете сижетни линии се исклучително силни и впечатливи. Предавство и интриги поставени во дувањето на стакло и две животни судбини кои зависат од истото. Леонора Манин го напушта Лондон откако го напушта сопругот и пристигнува во Венеција за да работи како дувач на стакло, иако тоа е нетипична женска професија. Преку 300 години предходно, нејзиниот предок, Корадино Манин бил најистакнат дувач на стакло кој наводно ја продал венецијанската тајна на францускиот двор. Од друга страна, оваа тајна е под изолациона политката од страна на Советот на Десетмината поради вредноста на дувачите на стакло на кои константно им се заканува смрт ако некогаш ги откријат своите методи. Тоа се случува со семејството Манин… повеќе од 3 века подоцна, таа тајна испливува на површината на венецијанските канали додека Леонора се труди да ја пронајде смислата на своето постоење, да го чува стакленото срце околу вратот и да ја пронајде вистинската љубов. И да ја дознае суштината на Собата со огледала во Версај! Со впечатливи финеси на дување на стакло преку кои различни форми добиваат живот и ја креираат живописната слика за Венеција како уметничка престолнина на Италија.

Фината рамнотежа помеѓу мистерија, романса и историја во придружба на добро истражената позадина на романот прават од Фиорато автор сличен на Шевалие и нејзината приказна во паралела затекната во „Девствено сино“. Добитник на две книжевни награди – за ширење на литературата, т.е Book to Talk About награда и награда за добро читање Waverton Good Read, читателот се стекнува со неверојатна можност да биде дел од венецијанската приказна и гледач во прв ред додека жешкото стакло ја добива својата маестрална форма…

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајдобрите лизгалишта во светот #1
Следна објаваФото на денот | Мистер Т и првата дама
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар