Денот е скратен, времето е ладно – веќе е зима. Желбата за излегување е намалена, а владее онаа за собири во домашен амбиент или пак во затворени локали. Наместо да се затворате дома за време на овие ладни месеци и да се соочите со зимската мелахолија, скршете ја монотонијата, подгответе ги лизгалките и размислете за можеби најинтересната зимска активност во урбаните области – лизгањето. Погледнете го првиот дел од листата на најдобрите лизгалишта во светот и дозволете да инспирираме кај Вас една зимска авантура на лизгалки во некоја од следните дестинации.

1

Сомерсет Хаус, Лондон

Eлегантното лизгалиште се наоѓа пред истоимената палата од 18от век и го краси прекрасна новогодишна елка, декорирана од Тифани. Вистинската забава тука се случува во ноќните часови.

2

 Ајфеловата Кула, Париз

Ова интимно лизгалиште за 80ина лизгачи, се наоѓа во близина на Ајфеловата кула, во градот на светлината. Дефинитивно една од причините за посета на Париз во зима, лизигалиштето овозможува неверојатен поглед кон симболот на Париз.

3

Потсдамет Плоштад, Берлин

Лизгалиштето е дел од ‘Зимскиот Свет’ на главниот плоштад во Берлин, а покрај лизгалиштето се наоѓа и лизгалицата со должина од 70 метри. Во близина е и божиќниот маркет, со голем избор на новогодишни украси и штандови со храна од традиционалната кујна.

4

Рокфелер центар, Њујорк

За првпат поставено во 1936та година, ова лизгалиште оттогаш е една од најголемите зимски атракции во центарот на Њујорк. Овозможува незаборавна забава на лизгалки околу статуата на Прометеј и новогодишната елка чиј врв го краси кристалната Сваровски ѕвезда.

5

 Јосемајт парк, Калифорнија

Лизгалиштето Curry Village се наоѓа во познатиот национален парк Јосемајт. Природни елки околу лизгалиштето приредуваат одлично зимско искуство и чувство како да сте во Нарнија.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИнспиративни мисли од Јода (Star Wars)
Следна објаваДувачот на стакло од Мурано – Марина Фиорато
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР