Ниво 1 – хаотичен/антисоцијален

Најниско ниво,не кое што се наоѓа околу 20 % од човечката поплулација.

Карактеристики:

– одсутност на духовност,одсутност на морал,безчувствителност,за постоење на Бог и духовен свет не размислуваат,нити тоа ги интересира,
– односи со други луѓе се основаат исклучиво за сопствени,себични интереси,се темелат на манипулација,а тоа се често способни ефикасно да го прикријат,
– хаотични се,бидејќи одсуството на морал ги води како груба импулсивност,
– често запаѓаат во неприлики,стануваат криминалци,сексуални манијаци,силувачи,убијци.Патот за извршување на не-дела им е отворен бидејќи недостатокот на морал и совест не ги спречува во нивниот криминал,
– дел од луѓето на ова ниво,духовен развој можат да постигнат со самодисциплина.Но ја ставаат во служба за остварување на сопствени амбиции,
– во остварување на своите амбиции се безкрупулозни,се ќе сторат за да ги остварат своите цели,
– тоа многу често им овозможува издигање до позиција на моќ и сопствен престиж така да можат да станат и славни личности,
– луѓето од првото ниво понекогаш можат да ја спознаат сопствената хаотичост,што за нив претставува болно искуство кое можат едноставно да го отфрлат,меѓутоа ако во тоа не успеат,може да дојде и до самоубиство,Понекогаш таквото искуство може да ги доведе до пат на духовен развој до Ниво 2,тоа може да се види по фактот кога некои криминалци во затвор дојдат во допир со некоја религија,неретко постануваат фанатични верници.

Ниво 2 – формално институционални

Ова е второто ниво на духовниот развој.
Именуван е институционален по тоа што луѓето на ова ниво се силно врзани за некоја институција која ги надгледува – таква институција може да биде на пр. војска,но кај повеќето луѓе тоа е религијата.
– луѓето на ова ниво цврсто се врзуваат за својата верска институција што им осигурува одсутност од хаотичниот живот сличен на луѓето на Ниво 1.
– повеќето од нивните морални вредности настануваат под јако влијание на нивната религија,
– луѓето на ова ниво зависат од нивната верска институција која на некој начин ги штити и надгледува,а изразито се приврзани кон формата на религијата(ритуали,церемонии,редовни молитви,верски обреди и др.)
– редовно веруваат дека Бог ќе ги казни сите оние кои не веруват во нивната религија,
– уверени се дека единствено верниците,припадниците на нивната религија ќе стигнат до рајот,додека другите само во чистилиште и пекол.
– луѓето од Ниво 2 се видливо чувствителни на промена на формата на религијата,бидејќи тоа е заправо таа форма од која тие зависат на патот кон ослободувањето од хаосот.Затоа многу обиди за реформа во религијата обично завршуваат со раскол.Како последица на таквите појави,многу религии со векови не се менувале така што останале на ниско ниво на цивилизациски развој.
– визијата за Бог на луѓето на Ниво 2 е прилично инфантилна: тие го замислуваат Бог како некој таму високо горе кој поседува огромна моќ и кој има можнст да ги казнува луѓето за нивните не-дела.Тоа е визија за Бог како Господар и полицаец,на кого луѓето од Ниво 2 му искажуваат покорност и од него се плашат.При тоа имаат многу малку разбирање за онаа половина на Бог која е во нас,односно за она боженственото во човечкиот дух.Таквиот Бог-тиранин на луѓето од Ниво 2 им е заправо потребен за нивниот духовен развој – таквиот страв од Бог ги одбива од грешништво и неморал,а нивната религија има дава упати за тоа што е добро,што не.
– Бог за нив е исклучиво од машки род,тешко им е да го замислат како универзално,или не дај Боже,женско суштество.

Ниво 3 – скептични/индивидуални

– луѓето на ова ниво се одвојуваат од формалната религија која ја набљудуваат од своето критичко и умствено стојалиште,
– имаат сопствен морален состав на кој религијата нема значајно влијание,
– безусловно веруваат во моќта на умот,веруваат само во она што вистински можат да го спознаат и докажат,со тоа што воглавно не веруваат ни во постоење на Бог,
– често сметаат дека верувањето во Бог е назадна појава од минатото и да луѓето кои веруваат во Бог се интелектуално инфериорни во однос на нив,
– веруваат во научното толкување на животот и светот,но не размислуваат за можностите за постоење на луѓе во непознатиот дел од универзумот.

Ниво 4 – умствено гностички

– луѓето од ова ниво имаат некои сличности со луѓето од Ниво 3 (отстапување од формална религија,нејзино критичко анализирање,изграден морален состав)
– она што ги разликува од луѓето од Ниво 3 е следно:
– веруваат во моќта на разумот и во објективните спознавања,но никако безусловно,
– луѓето од Ниво 4 се со отворени погледи,ништо од одма не отфрлаат,сите појави колку и да изгледале неверојатно,тие ги анализираат од повеќе аспекти,без предрасуди,и на крај донесуваат заклучок за нив,
– нивната можност за отворено и разумно размислување ги води до спознанија неразбирливи за луѓето од Ниво 3,а се однесува на можност на спознавање на духовен свет и Бог.Често се случува да луѓето од Ниво 3 се чудат „како тоа образован и паметен човек може да верува во такви глупости„.
– луѓето од Ниво 4 се свесни за ограничувањата на човековите знаења преку сетилата.Сепак научните спознавања не ги отфрлаат,туку ги интегрираат со своите духовни знаења за така да добијат слика на светот која претставува една смислена и поврзана целина,
– визијата за Бог на луѓето од Ниво 4 не е ни малку слична како кај оние од Ниво 2.За нив Бог не е никакво посебно суштество и Господар на кого треба да се покоруваат.Бог за нив е апстрактно суштество,сеприсутен дух на Космосот,ред и смисла на постоењето,чиј се дел наоѓа и во нас самите,
– иако луѓето од Ниво 4 не се поврзани со некоја верска институција,сепак можат да станат поклоници на одредена формална религија закоја мислат дека се наоѓа најблиску до Вечната Вистина.

извадок од книгата ’’Пат по кој ретко патуваме’’ на Скот Пек

Што мислите за оваа поделба на Свеста?
Во кое од овие нивоа се пронаоѓате?

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР