Добрината како човекова особина, денес е многу ретко застапена меѓу луѓето. Секој од нас посакува да го добие она што го сака на што полесен начин.
Дали добрината е она кое треба да не’ води во животот, или треба да се осврнеме на злобата и осветата?
Која е целта да се биде добар, кога на крај, секогаш ни се враќа со лошо?
Дали вреди да се биде добар, кога и покрај се, животот еден ден ќе ти сврти грб, во оној момент кога најмногу ќе ти треба?

Животот во еден свет, како овој, исполнет со болка, тага, незадоволство и тешкотии не тера да се подзамислиме, дали има причина за да бидеме човечни. И секогаш ни останува само еден одговор… Заборави на себе, помисли малку и на другите, и ќе дознаеш која е потребата да бидеш добар...

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР