Рекле за мирот- спокојот:

Во оној во кого сите желби влегуваат како што реката се влева во полн и непроменлив океан- кој секогаш останува ист- тој достигнува внатрешен мир. Кој ги отфрлил сите желби и слободно оди напред, без себичност и суета- тој достигнува внатрешен мир.

Бхагавад Гита

Ако не наоѓаме мир во себе, залудно е да го бараме на друго место.

Франсоа Ла Рошфуко

Спокојот не може да се најде ниту во работата, ниту во задоволството, ниту во светот, ниту во манастир, туку само во душата своја.

Сомерсет Могам

Ништо не може да ни донесе спокој ако сами не го создадеме.

Ралф Валдо Емерсон

Тешко е да се биде мирен ако нема што да се работи.

Артур Шопенхауер

Има луѓе кои мирно шетаат низ парк гледајќи фонтани, додека се уриваат царства.

Франсоа Рене Шатобријан.

Кој сака мир, нека го одложи оружјето.

Марко Тулиј Цицерон

Оној ден кога човекот ќе може да се избања во која било река, ќе потече света вода.

Жозеф Мари Девондел

Мудриот човек со подеднаква мирнотија ги прима пофалбите и ги поднесува навредите.

Конфучиј

Од законите и кралевите не зависи внатрешниот мир човеков, неговите тивки семејни радости, неговиот разум, верата, совеста.

Оливер Голдсмит

Да се исчезне, да се сокрие во масата- тоа е сигурност. Да се следи движење без издвојување, да се оди по свој пат без истакнување, скромно, едноставно. Да се избришат сеќавањата на своите заслуги и да се заборави својот углед- тоа е тајната како може да се живее во мир помеѓу луѓето.

Лао- Це

Најпривлечното дрво ќе биде најнапред исечено; бунарот, чија вода е најпријатна, ќе биде најнапред исушен.

Лао- Це

На човек со исклучителни способности му треба мир.

Лао- Це

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР