Да се промениме себеси не е лесна работа, но не и невозможна. Прво нешто што е потребно за да се промениме и да се развиеме кон подобро, е потребно ЖЕЛБА. Сите ние имаме желби ама ваквите желби кои одат заедно со МОТИВАЦИЈA, ДЕЈСТВО и ОДЛУЧНОСТ и упорност до крај, желба која не заслепува и ни покажува една цел и нема назад се вика огнена желба.

Кога ќе ја имате оваа желба не само за менување на себеси туку за било што.. ништо не е невозможно.
Потоа работите, случајностите, ситуациите, техниките, луѓето што ви се потребни ќе почнат самите да ви доаѓаат.

Техники за промена на себеси после желбата што е опишана горе, треба да почнете да живеете во сегашноста и да гледате/размислувате објективно што е многу тешко. Кога ќе почнете да гледате објективно ќе почнете да си ги согледувате грешките, да ги прифаќате и да се поправате. Односно да ја прифатите одговорноста за себеси, и за се што се случува околу вас, да не обвинувате никој друг бидејќи само така ќе почнете да се менувате себеси. Пример не ви оди со девојќи, ако речете до нив е, јас сум супер, ако ме сака некоја и така ќе ме сака е погрешен начин отколку, до мене е ќе сторам нешто околу тоа ќе пробам на друг начин итн. така и со родителите, другарите, факултетот итн.

Техника – афирмации

Тоа е повторување едно исто нешто во прво лице сегашно време што многу ја гледаат како смешна работа ама кој пробал подолго време ќе види и тоа како дека е многу ефикасна работа.
Како работи тоа – неколку пати во денот по 10 тина пати повторувате – “Јас сум опуштен/а  смирен/а  кул, на високо ниво и имам голема самодоверба
или во однос на тоа во што сакате да се подобрите можете да измислите различна афирмација. Треба да се запази дека тие треба да бидат во сегашно време а НЕ – јас ЌЕ бидам опуштен, кул.. тн.

Визуелизацијата

Може да се употребува и самостојно без никакви ленти на пример пред легнување во кревет се визуелизираш какви сакате да бидете со сите детали ама да биде толку реално како да е веќе вистина и најважното да има вклучено чувства, чувства на задоволство, благодарност, дека навистина ви е убаво да сте тоа што сте.
Грешката што сите ја прават е тоа што се фокусираат на тоа што не го сакаат и тоа и го добиваат.
Тоа што повеќето од времето го мислиме тоа и ни се материјализира. Наместо да мислиме нејќам веќе да паѓам испити, би требало сакам да ги положам испитиве, или како афирмација – ги положувам испитите без никаков проблем. или во визуелизација тоа би изгледало како чекате резултат и ви го даваат и гледате дека го положувате со многу поени и вас ви е многу убаво .

Оптимизам – позитивност

Многу е битно да се сакате себеси и се околу вас, да имате позитивен пристап кон животот и луѓето Ако не ви се допаѓаат некои личности ако влијаат негативно на вас ве дерасположуваат, навредуваат, снижуваат не им враќајте не се замарајте со нив и воопшто не се дружете со нив, опколете се со луѓе кои се чувствувате пријатно. Многу луѓе животот го гледаат како БОРБА, а тоа е  Забава, ИЗБОР, ВОЗБУДА, ИГРА, АКЦИЈА- научете да си играте со животот, не да се борите со него. Со тој став уште од почеток станувате привлечни за луѓето, сите сакаат позитивно расположение никој нејќе да биде во близина на луѓе што се жалат, плачат.

Да знаете што да правите не значи и дека тоа го правите.
Став со кој треба да почнете со промена ..

  •  Болка —————————————-Моќ
  •  Не можам ———————————-Не сакам
  •  Морам—————————————-Можам
  •  Тоа не е моја грешка —————Јас сум сосем одговорен
  •  Ова е мој проблем——————–Ова е моја МОЖНОСТ!
  •  Никогаш не сум задоволен——-Сакам да учам и напредувам!
  •  Животот е борба———————–Животот е авантура
  •  Се надевам ——————————-Знам
  •  Само кога би——————————Следен пат!
  •  Што да правам? ————————Знам дека можам да се справам со тоа!
  •  Страшно е! ——————————–Ова е поучно искуство!

Нашата подсвест верува во тоа што ќе го слушне а не во тоа што е вистина. Затоа е битно што размислувате, и како размислувате.

Извор:уишмастерот (к.форум)

Коментари

коментари

1 коментар

  1. Statijava e dobra no spored mene so pogresen naslov i bez potkrepa na naucni ili istrazuvacki trudovi e skorio nevozmozno da se pisuva na ovaa tema. Spored profesorot po kriminologija na pravniot fakultet, a i spored mnogu naucnici i istrazuvanja karakterot na covekot moze da se promeni do 28 godina, odnosno do celosno izleguvanje na edna individua od puberitetot, kako period od coveckiot zivot podlozen na mnogu promeni kako i glaven period vo sozdavanje i formiranje na edna licnost. Po zavrsuvanjeto ana ovoj period mozni se samo minimalni otstapuvanja vo konkretna situacija vo odnos na nekoi naviki ili mislenja, megutoa seto toa e tolku minimalno sto gledano vo celina e skoro nezabelezitelno. Po 28 godina coveckiot karakter e nepromenliv. ( Vozrasta na godinite 28 e zemena spored istrazuvanja, sto znaci ne moze da se zeme kako fiksna za sekoja licnost, odnosno moze da varira po odnos na individua). Pozdrav,

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР