На олимпијадата во Барселона во 1992 година, Дерек Редмонд од Велика Британија беше фаворит да освои медал во атлетика во дисциплината 400 метри. Додека се наоѓаше во добра позиција да успее во својата цел, на 150 метри пред целта, Дерек ја истегна тетивата и со тоа неговите надежи да освои медал на Олимпијада беа завршени. Веднаш притрчаа лекарски тимови, но тој одби помош и вложувајќи натчовечки напори и борејќи се со болката реши да го заврши она што го почнал, трката на 400 метри. Веднаш потоа на патеката му се придружи еден човек кој сакаше да му помогне- тоа беше неговиот татко. Заедно со својот татко, Дерек ја заврши трката. финишот беше проследен со громогласен аплауз на 65 000-та публика во Барселона.
Овој потег подоцна станува дел од историјата на Олимписките игри но и пример којшто се користел во повеќе кампањи низ светот со намера да се пренесе една порака.
АКО СЕ ТРУДИШ НИКОГАШ НЕ МОЖЕШ ДА ПОТФРЛИШ!!!

Во прилог секако и видеото од трката која нема да ве остави рамнодушни.

извор:pravnice(k.forum)

Коментари

коментари

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР