Реткост е некој да рече дека не сака благи закуски, едноставно чоколадите се задоволства на кои речеси никој не може да им оддолее. Ова како непобиен факт, поттикна отворање на стотици продавници за слатки во големите светски метрополи, за задоволување на потребите на потрошувачите желни за “нешто благо”.

Една од најиновативните продавници за слатки, The Candy Room, се наоѓа во Мелбурн, чиј ентериер портретира враќање кон основите на дизајнот. Црно-бел дизајн и специфични илустрации во ентериерот, базирани на цртежи од дизајнерите Red Design Group. Скоро целиот ентериер во просторот е нацртан, изгледа како детска боенка која дава впечаток на дводимензионалност на внатрешноста. Покрај тоа што ентериерот изгледа вкусно, овој локал од визуелен и дизајнерски аспект изгледа беспрекорно.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЦарицата на Давид – Индија Еџхил
Следна објава100 години, 100 филма | Paramount Pictures
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР