Читателите на Библијата најверојатно нема да се сетат на Михал, ќерката на кралот Саул – но, несомнено го паметат ликот на Давид. Цар Давид – херојскиот избавувач на масата од страшниот Голијат, а воедно и наследник на Саул, првот цар на Израел, оживува повторно преку „Царицата на Давид“ на Индија Еџхил, перфектно спакувана во контроверзен историски роман сместен меѓу лавиринт на политика и скандали. За точно 10 години, Михал, најмладата ќерка во дворот на Израел, се поставува како убава и горда принцеза чија судбина ја врзува за туѓ имот и туѓа постела иако е заљубена во младиот херој. Заканата за власта на стариот израелски крал се остварува – Давид станува нов цар, а Михал се враќа почестена во палатата, како негова прва сопруга и кралица.

Иако голем број романи ја третираат оваа тема чисто по факти, ниту еден не ја перцепира фамата околу Давид во форма на човек позади мит; на сметка на тоа, овој роман се набљудува низ призмата на жената која го познавала најдобро. И која се разочарала од фаворизираниот лик заробен во нејзиното срце. Имено, зад вратите на палатата, под силното сонце во пустината Михал се наоѓа во центарот на дворските интриги – ограничена поради нејзината стерилност, таа е осудена целиот свој живот да ги трпи неверствата на својот цар и да расте негови деца. Таа е бездруго, стожер во царството, role model контруиран од хероина, дама, владетелка. Од нејзиното страдање произлегува вонсериска мудрост која подоцна се отелотворува во идниот престолонаследник на Израел, царот Соломон… „Приказните од Стариот Завет се страшно забавни“ – признава Индија Еџхил низ смеа, иако нејзината првична идеја се состоела од тоа да создаде приказна за сите жени на Давид. Но, интересот се концентрира само на една: сторија за еден женствен занес кој подоцна претрпува трансформација кон лична омраза, правејќи читателите да се поделат на два табора. Едните да ја поддржат Царицата во нејзиниот гнев, другите да го сакаат Давид без оглед на се’.

Тогаш не знаев дека зборовите и музиката можат да бидат посмртоносни од копјето…“ се зборови на самата Царица, царицата на Давид. Од своето прво појавување во печат, еден став продолжува да фигурира како таков иако е создаден по библиски контури: ова е најверојатно единствената библиска приказна која за своја содржина ја има љубовта како срцевина – приказна за единствената жена во Библијата за која пишува дека воопшто љубела.


Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваMichael Jackson против Mr. Bean
Следна објаваЧоколаден рај како детска боенка
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР