Лапонија е регион во северна Европа, лоциран во арктичкиот круг кој се протега на територијата на четири различни држави: Финска, Норвешка, Шведска и Русија. Ледената Лапонија е дом на ирваси, необични временски сезони и секако, Дедо Мраз, а ако зимата е Ваше годишно време, Лапонија е совршената дестинација за Вас.

Област на неверојатна, недопрена природа со мирни езера, бујни зимзелени шуми и планини кои овој период од годината ги прекрива дебел снежен слој и ја претвора Лапонија во чудесна зимска земја. Овие пејзажи како и фактот што е дом на Дедо Мраз, ја прави оваа локација можеби најмагичната зимска дестинација, која со гаранција ќе ги допре и разнежни и најголемите скептици.

Доколку сакате да го запознаете Дедо Мраз, треба да го посетите неговиот дом во Santa Claus Village, лоциран во градот Rovaniemi, центарот на Лапонија. Тука се наоѓа и поштата каде пристигнуваат писмата со божиќни желби од деца од сите страни на светот, како и хотелот и забавниот парк на Дедо Мраз, ледениот замок и други туристички атракции кои ја чинат одличната забава за цело семејство.

Во Лапонија поминуваат четири годишни времиња, но она што е карактеристично за овој регион е тоа што зимата трае половина година и за време на истата се случува периодот на самрак, каде неколку месеци нема вистинска дневна светлина, бидејќи позицијата на сонцето е под хоризонтот. Во периодот на самрак, мештаните и посетителите често се сведоци на извонредните северни светла на небото aurora borealis, природен феномен кој придонесува на магијата на областа Лапонија и вреди да се посведочи во живо.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДивиот свет во Вашето кафе | Yumi-Yumi
Следна објаваМашки капут
Величeњето и практикувањето на креативната страна на животот предизвикана од љубовта кон убавото ја одликува со особен креативен шарм и инспирација затекната на различни места. Пасионирана вљубеничка во визуелните форми на уметност, ја поддржува тежината на автентичните креативни артефакти кои го издржале тестот на времето - доволно долго за да создадат нова приказна за уметноста, раскажана преку херојските очи на истата.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР