Проблемот на денешницата е што и покрај толку понудена литература независно дали за наука или за забава, истата се одбива да се практикува поради олеснетата можност за да прочитаат во просек 140 карактери на веб и работата да стане прилично јасна. Зошто би отвориле книга кога постои Википедија? Нашите совети како да го подобрите Вашиот однос со книгата се засноваат на изјавата дека „читањето е содржина, а не површина“ ни ги откриваат 7те бенифиции на читањето. Она што во суштина е потребно е масовно распространување на идејата колку се книгите корисни, а подобар начин за постигнување на истото преку формата на маркетинг веруваме дека нема. Навистина, нема. Во прилог следуваат 5 фанстастични реклами кои ги промовираат книгите и нивната моќ на апсолутно креативни начини.

1. Mint Vinetu книжарница

Сместена во главниот град на Литванија, кампањата насловена како Become someone else, ефективно ја отсликува нивната визионерска намена при декларирањето како независна кафе-книжарница: верување дека големите нешта во животот треба да се поделат со некого. Убавите наслови треба да се препорачаат. Длабоките теми треба да Ве претворат во
некој друг…

2. Whitcoulls online-книжарница

Отворен постер со A Clockwork Orange во фокусот, каде секој збор од романот е отпечатен на самата реклама. Лоцирани во Нов Зеланд со багаж од 59 продавници низ земјата, ова место нуди широк избор на книги, е-книги, е-читачи и канцелариски материјали.

3. L’Echange книжарница

Во срцето на Монтреал, се продава по малку од се: нови, користени или е-книги.  Место каде ќе најдете од се по малку, но сосема доволно да Ве направи горд почитувач на книжевноста. Ефективната кампања за градација на насловите уште повеќе ја доловува тежината на истата.

4. The Johnson County библиотека

Отворен форум за дискусија по повод (не)прочитаните книги, фукционален благодарение на Градската библиотека во Канзас. Кампања која се движи низ градот со помош на рекламни материјали сместени врз камиони, го привлекува вниманието на сите кои се затекнале во градска прошетка. Прилично ефективен начин за рекламирање.

5. Cape Town Biblioteq

Можеби оваа кампања не е брилијантна, но дефинитивно е способна да Ви го зграби вниманието – книга која Ви го разнесува мозокот. Во буквална смисла на зборот. Со книжевен асортиман и последно следење на современата книжевна уметност, ова место е домаќин на низа креативни настани во срцевината на Јужна Африка.

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваЕсен – време за љубов
Следна објаваНајкреативните 404 страни на Интернет
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР