Деновите станаа пократки, ноќта подолга, времето постудено…сонцето како да ја изгуби својата сила, како уморно да се препушти на заслужениот одмор после сончевото лето. Многумина не ја сакаат есента, но, и не е се така трагично. Есента поседува свои убавини, убавини кои се карактеристични само за неа. Искрено, не знаеме кое годишно време го има приматот на најромантично, за првото место се води тесна борба помеѓу пролетта и есента, но според нас како победник сепак е есента. Токму поради својата палета на бои и потребата да се чувствувате безбедни во топла прегратка. Романтични прошетки на есенските дождови, по патеки постелени со жолти листови, принудени во прегратка од студот, одржување филмски маратон во топлината на домот покрај своите сакани, уживајќи во плодовите на есента. Прекрасно, зар не? Следуваат серија фотографии со потпис од различни автори кои ќе ја разбудат романтиката во Вас.

1

2

3

IslBG

5

6

8

9

10

СПОДЕЛИ
Претходна објаваBookBike полица
Следна објаваВпечатливи кампањи за книги
Членот на креативното семејство кој ја перцепира уметноста како експресионистичка и прогресивна категорија. Со фотографска меморија и селективно избирање и величање на големите уметници, успешно ја промовира креативната страна на животот. Како застапник на уметничките вредности во разнообразност, вистинското креативно освежување и инспирација го бара во историски маркантните показатели на уметност.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР