Понесени од креативноста на најинтересните предлози за брак, ова е можеби најслаткото запросување што некогаш сте го виделе: Крис, студент од Њујорк, навистина успеал во намерата неговата девојка Јулија да се почувствува како единствената девојка во светот. Преку соработка со уметникот со хартија, Џеки Хуанг, двојцата создадоа pop-up книга со најбитните моменти од врската на сега веќе, свршениците, како дел од запросувањето. Со аранжман од неколку месеци и креативно исполнување на желбата на вљубеното момче, дизајнерот ја создаде нивната приказна преку илустративен инженеринг на хартија кој кореспондира со идејата. Слатка идеја која ќе остане во сеќавање за цел живот – како што претпоставувате, Јулија кажа да!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМлади креативци | Горан Поповски
Следна објава15 шармантни скандинавски балкони
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР