Фасциниран од чистината и мистичноста на женската убавина, младиот фотограф Горан Поповски, кој работи под псевдонимот HLVK, одушевува со своите фотографии. На 18 годишна возраст во неговото портфолио може да се најдат фотографии од колекциите на многу млади и веќе докажани дизајнерски имиња како Стефанија Насеска, Ивана Кнез, Елена Додевска, Нела Тодоровска, Ирина Тошева, Ведрана Панева, Искра Џокич, Hard to explain, Мелани Димитровска и Никола Ефтимов.

Најголема инспирација му е Anja Plaschg ( a.k.a Soap&Skin), која ја смета и за “виновна” за неговиот препознатлив, на момент “чуден” пристап кон фотографијата. Во иднина планира да го продолжи своето школување на Академијата за уметност во Белград, а наскоро очекуваме и негова голема изложба и многу други соработки со македонските модни дизајнери.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваИгра со бои | Innes McDougal
Следна објаваПонуда за брак во книга
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР