Проект за кој ви треба повеќе време и внимание, но ќе добиете уникатен и модерен производ. Дезенот зависи од самите вас, може да биде цветен, геометриски или било што друго што ќе посакате.
Потребни ви се:
– (бели) фармерки
– боја за текстил
– подебел картон
– скалпел
– цртеж
– сунѓерче
– мал сад
Посакуваниот дезен, залепете го на картонот и со скалпелот внимателно исечете го.
Земете мал сад и ставете од бојата за текстил. Не ја сипувајте целата одеднаш, за да не почне да се суши.
Ставете ги панталоните на подлога која нема да се плашите да ја извалкате и ќе можете слободно да работите. На саканите места поставете го картонот и со сунѓерчето нанесувајте ја бојата. Зависно од дезенот, означете на картонот “горе/долу” и внимавајте при поставувањето, да не биде различно, освен ако тоа не е вашата желба.
Оставете ги панталоните 72 часа за добро да се исушат пред да ги облечете или исперете.