Во затишјето на ноќта, во моментот кога се доловува последната четвртина од денот – денот познат во американската култура како обележување на празникот на вештерките, ние ја празнуваме „Вештица“ на единствениот македонски автор кој ја има освоено наградата „Балканика“, Венко Андоновски. За поздрав е и денешната акција на издавачката куќа „Табернакул“ чиј ексклузивец е професор Андоновски, кои организираа средба со авторот и намалување на неговите дела. Во името на истата цел, се надоврзуваме на неговата „Вештица“ и најубавите цитати изведени од неа… „Бог и во најтемната ноќ ја гледа и најтемната мрава на најцрн мермер па го слуша и топотењето на нозете нејзини

… а веќе е Ноќ! Ноќ на Вештиците!

“Кој не ја видел – тој не се родил 
кој ја видел а не ја вкусил – тој умрел 
кој ја вкусил – тој не куртулил, 
оти ќе живее. 
Јас, а можеби и Ти”

“Љубов постои. Не секаде, не секогаш, но постои. Тоа е најважниот личен вселенски настан: како пронаоѓање на опашеста ѕвезда, твоја опашеста ѕвезда која никој друг не ја гледа.”

“Секогаш се кажува премногу кога разумот, тој џелат на срцето ќе заспие и ќе го пушти срцето на слобода.”

„Оној кој никогаш не се сомнева, тој не верува вистински: тој само обожува. Верува во се што ќе му се каже. И ако налета на ѓаволот, ќе му поверува и нему. Вербата без сомнеж е слепа блудница, оти може да ги менува објектите на вербата без причина, ред и правило. И без љубов, оти се верува само кога се сака она во што се верува. “

“За предавство потребен е страв, за одмазда љубов, за умирање живот, а за копнеење – отсуство поприсутно од присуството треба да се има. Се копнее по нешто што нетука е, а секој миг пред очите ти е; нетука а тука – тоа ти бил копнежот.”

“Лагата е доблест ако спасува живот.”

“Што се сите наши години, што се годините на еден старец во споредба со годините на сонцето и месечината, што се тие доби ако не – само еден ден?”

“Со ист здив умираат љубовниците. Со ист здив умираат оние што макар еднаш, во еден миг се љубеле.”

“Пламенот кога се дели, се умножува како и љубовта, мил мој; оган е љубовта, оти колку повеќе го даваш, толку повеќе го имаш.”

“Секое патување е по малку и умирање. Низ врата почнува секое патување, а смртта, како и љубовта е врата. Два пламени разделени, еден зад прагот, еден далеку од прагот; ако биле слаби, ветрот ќе ги згасне. Ако биле силни, само ќе ги распламти уште повеќе!”

„Господар си им на оние зборови што уште не излегле од твојата уста, а роб на оние кои ја напуштиле.“

 „Гнев се раѓа кога лицемерниот го принудува чесниот на лицемерие, за да бидат еднакви во гревот.“

“И кога палат книги, тие не ги уништуваат мислите, туку само хартијата на кои тие мисли се запишани.”

СПОДЕЛИ
Претходна објаваVIP турнир во домот | Табла – маси
Следна објаваСтарецот и играта
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР