Кога се препуштате себеси на „Направи сам“подвиг, главната вокација треба да се состои од потребата да поминете евтино, практично и креативно: она што денес Ви го презентираме е изработка на веќе постоечка едноставна шолја, која со малку имагинација може да се одликува со уникатност.

Прво, она што ќе Ви треба е следно:
* керамичка шолја за кафе или чај;
* самолеплива лента;
* масна боја;
* четка со природни влакна;
* креди;
* добра волја и креативност.

Обележете го просторот на шолјата кој сакате да го обоите со самолеплива лента. Неколку пати поминете со четката за бојата да го постигне вистинскиот интензитет, тргнете ја лентата (дури и несовршените линии може да изгледаат интересено) и оставете да се суши 24 часа. Наредниот ден испечете ја шолјата на 150 °C околу 30 минути. Оставете да се излади целосно и кога ќе бидете задоволни со својата изработка, пуштете ја имагинацијата да создадете уникатен дизајн или цитат. Лесно и забавно во секоја смисла, во насока да направи да се чувствувате убаво додека го пиете утринското кафе или чај!

 

СПОДЕЛИ
Претходна објаваКако во видео игра | Колоритни витражи
Следна објаваИзгубена генерација
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР