Тргнувајќи од фактот дека поларните мечки како едни од најпознатите фасцинантни суштества на планетата Земја послужуваат за повеќекратна инспирација, воопшто не не’ зачудува фактот што дизајнот на ова парче мебел ја презема силуетата на загрозените видови. Најновото парче на површината е Железниот Џо, поларна мечка потпишана од студио iBride. Дизајнирана ос страна на Benoit Convers, основната намена е да складира поголема количина на книги, умешно да го одржи притисокот и да го зачини просторот – обоена во црна или бела површина, Поларниот Џо може да биде Ваш за „само“ 5.880 $.