„Елеганција низ природните материјали, ентериер во еден топол шпански стил: исполнет со комфорт, топлина и едноставност во боите на природата“ е она што го дефинира уредувањето на конкретниот нечиј дом лоциран во Кавадарци, чија ентериерна топлина и уметнички вкус се препишува на младата дизајнерка Ана Китанов и нејзиното IP Design Studio.
За себе, ова студио вели: „Создаваме приказна во просторот, уметност на живеење, приврзаници сме на модерниот дизајн наспроти топлината и душата во просторот…“; а повеќе за нив може да прочитате и видите на следниов сајт http://www.dizajnidea.com/.