Од авторката на „Сестринството на патувачките фармерки“ и неговите продолженија, доаѓа овој роман во кој не е изненадувачки фактот што, иако се декларира како роман за возрасни, сепак ликовите не се подготвени да ја остават адолесценцијата зад себе. Во „Последното лето“, Ен Брешерс ја води главната хероина Алис, имено дипломиран правник, назад дома на Островот на огнот, само за да открие дека животот продолжува напред – со неа или без неа.

Алис расте заедно со нејзината сестра Рајли и нивниот пријател Пол: вжештена треска во туристичкиот островски град каде што никој не ја заклучува вратата, ниту носи паричник со себе. Како тинејџерка, Рајли е најмлада во спасувачката група; сега, откако Алис се враќа дома ја затекнува како најстара од нив, на 24 години. Но, сеуште заљубена во Пол, иако тој уште од старт ги негува сопствените чувства кон Алис и е скршен од нејзината одлука да студира надвор од дома. Како што овие два лика со извесен страв и незначителна брзина дозволуваат романтично да им се развие пријателството кое го задржале уште од детските денови, чувството на вина кон Рајли е неминовно – Рајли секогаш била и останала центар на внимание, комуникациски лидер и желна за дружење: се тоа со цел Пол еднаш да ја забележи пред Алис! „Таа никогаш не можеше да сфати што сака од неа или од него, но факт е дека ги обожаваше и двајцата. Можеби едноставно ги сакаше обајцата во нејзина близина. Отсекогаш ги сакала заедно во близина. Но не на тој начин“. Кога таа сосема случајно си ги заборава таблетките, се враќа назад за да ги затекне сестра и и саканиот во незгодна позиција, што уште повеќе ги влошува работите. Заборавањето на таблетите и терапијата суптилно води кон развивање ревматска болест на нејзиното срце… што е пострашно – болест на срцето или скршено срце? А што кога имаме комбинација од двете? „Но, како и се друго, љубовта доживува panta rei… се тече, се се менува“.

Ова е приказна за вредноста на семејството, за силата на сестринската врска, за пријателството и неминовно, за љубовта – и поркрај фактот што конкретните ликови ја манифестираат љубовта на начин кој го наведува читателот да се посомнева дали тие навистина се сакаат меѓу себе. Со примеси на предавство предизвикани од непланираната свежа романса, со значителна доза на вина поради неочекуваната срцева болест, со очекувана нелогичност на животот; „Последното лето“ е книга која одлично ќе го исполни Вашето време на плажа токму поради сцените на сонце и море во комбинација.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавите книжарници на светот #3
Следна објаваPawdele – Digging in the Deep
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР