Г-дин Ед, креација на Родерик Вос, е едноставно и мултифункционално парче за вклопување во Вашата библиотека, по истата намена според која неговиот дизајнер дошол до идеја за практичност помеѓу неговите книги – низа од мали светилки или една единствена светилка ќе го даде потребниот допир на светлина, како одличен додаток на полиците.

Формата на г-дин Ед е следна: светилка прикачена помеѓу две вертикално изведени книги во црна боја (поради лесното интегрирање во секој простор), имено со двојна намена, да служат и како држачи за Вашите книги. Независно дали ќе го сместите г-дин Ед во Вашата канцеларија, спална соба или пак кујната, двофункционалноста на истиот е несомнена. Корисно парче кое функциора на 40 вати, изработено од алуминиум во црна боја, чие име е умешно изведено од изумителот на светилката, Томас Едисон.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваНајубавите книжарници на светот #2
Следна објаваМоби и Swatch | Малиот идиот
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР