Една Девојка чекала авион во чекалната на еден голем аеродром. Бидејќи требала подолго време да чека одлучила да си купи книга за побрзо да и помине времето. Со книгата си купила и едно пакетче кекс. Седнала во ВИП чекалната со намера никој да не ја вознемирува. Крај неа од едната страна била столицата со кексот а од другата еден Господин кој си читал весник. Кога она почнала да зема од кексот и Господинот до неа земал едно.

Девојката се шокирала, ништо не рекла и си продолжила да ја чита книгата. Во себе си помислила..
“ма види го ти него…да имам само малку храброст во мене…досега би го удрила….”

Секојпат она кога ќе си земала од кексот, човекот покрај неа без никаков срам и он си зимал по еден…
Продолжиле така се додека не останал само уште еден кекс….И тогаш девојката помислила во себе…
Баш ме интересира што ќе направи сега!!!
Човекот го земал последниот кекс и го поделил на две…
Ова е навистина премногу, помисли девојката…шокирана си ги зеде своите работи, ранецот, книгата и торбата и отиде на излезот на чекалната…

Кога се почувствува малку подобро, кога и помина лутината седна на друго место каде што нема никој, за да не се повтори пак некоја незгодна ситуација. Ја затвори книгата и ја отвори торбата за да ја стави внатре…во тој момент, го здогледа пакетчето кекс неотворено…
Се почувствува како крадец и дури тогаш сфати дека кексот, исто како нејзиниот бил на Господинот до неа…но без шокови, нервози, препотенција го подели и последното парче кекс со неа…тотално спротивно од нејзините мисли, кои и биле навредени и односот и чувствата…

Колку пати во животот сме или ќе изедеме туѓ кекс…а тоа не сме приметиле или никогаш нема да дознаеме?

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР