На многумина од нас, „Страници за нашата љубов“ независно дали преферираме книга или филм (евентуално и двете), сторијата ни е повеќе од драга: на многумина од нас, исто така, ќе им застане здивот од оваа вонсериска и вонвремеска адаптација на сопствено обележување настан во таков стил, реализирана од страна на Blushing Bride Studio, Канада.

Станува збор за славење на љубовта – свршувачка каде заљубениот пар избрал истата да ја концепира согласно сижетните линии на романот на Спаркс, односно филмот на Касаветес. Синди и Жан-Никола се една среќна двојка која се поистоветува со хемијата на филмот, се фасцинира од модата во 40тите години и се надева дека животот ќе ги одржи заедно како Ноа и Али. Сериозно остава без текст, баш како и примерот со венчавка во стилот на Игрите на гладните.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваДа и помогнеме на малечката Ева!
Следна објаваКекс
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР