Кога станува тешко – тешкото оди на шопинг…
Главната хероина на познатата чик-лит авторка Кинсела е девојка вооружена со младост, големо срце и широки соништа; но, има една слабост…Обожавам нова облека. Ако секој може да носи ново секојдневно, мислам дека депресијата би се искоренила“, вели Беки Блумвуд, новинарка која пишува како да ги заштедите Вашите пари, а нејзинотото слободно време се одвива во неконтролиран шопинг.

Еден маж никогаш нема да Ве сака или да се однесува кон Вас како еден бутик. Пример, ако еден маж не Ви се вклопува во изборот на аутфит, не може да го размените во рок од 7 дена за прекрасен џемпер од кашмир! А бутиците… тие секогаш мирисаат добро. Тие може да Ви ја разбудат страста иако никогаш не се сигурни што Ви е потребно. И кога на допир ќе ги почувствувате оние сјани, нови кеси…“ – таа стои на овој став, и покрај својот едвај-стоечки плакар исполнет со парчиња согласно сезоната и покрај безбројните писма од банката на кои стои сума во црвено, декларирана како долг. Своевремено Беки сфаќа дека и е се потешко да го игнорира својот проблем: се обидува со самоконтрола, но свесна е дека како утеха ќе послужи ако си купи нешто… само едно нешто… Истовремено е свесна дека независно гласовите во нејзината глава кои од излозите ја повикуваат во продажните простории на Yves Saint Loren, Prada, Gucci, Chanel; нејзината финансиска состојба достигнува очај дури и покрај нејзиното работно место. Мала рехабилитациона терапија се чини дека е нејзиниот спас. Мала исповед во круг на луѓе кои го преживуваат истото се чини како паметна идеја. Но, може ли Беки да се извлече од прангите на шопинг-задоволството, да ја најде вистинската љубов од која очигледно има недостиг и да ја врати во користење нејзината кредитна картичка? Само оние кукли од излозите да престанаат да гледаат во неа!

Брилијантно создадена и напишана во женски есперантно стил: Кинсела знае дека речиси секоја девојка ќе се пронајде во ова четиво – како што вели Entertaiment Weekly, Софи Кинсела ги задржува девојките подалеку од трговскиот центар со причина која остануваат дома да ја читаат Купохоличарката. Иако основата е претежно разговорен монолог на оваа каприциозна Британка заглавена во меѓу-добата на адолесенцијата и зрелоста, подготовката кон сериозноста на животот се одвива крајно забавно и женствено. Колку и да барате позабавен лик од Беки, верувајте дека нема да најдете во ниеден бутик – не чекајте попуст за да ја имате оваа книга!

СПОДЕЛИ
Претходна објаваLara Stone | Несовршено совршена
Следна објаваДа и помогнеме на малечката Ева!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

3 КОМЕНТАРИ

  1. Инаку, Ива не е „шопингхоличарка“ туку е „купохоличарка“ ( види и во оригиналниот превод на книгата)

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР