Lara Catherine Stone е родена на 20ти декември 1983та година во мало холандско градче од мајка Холанѓанка и татко Британец. Прв пат е откриена на 12 годишна возраст во Париско метро, а на 15 години била пријавена на изборот за Elite Model Look. Иако не победила, го воодушевила жирито и веднаш потпишала договор со Модната Агенција Elite.

Препознатлива по разделените предни заби, разнишан одд и малите стапала кои не се пропорционални за нејзината висина, нарекувана и анти модел од модните критичари заради своите несовршености е една од 10те најсекси модели во светот.

Своето деби на пистата го имала во 2006та година кога ја одбрал Riccardo Tisci за ревијата за Givenchy couture во Париз. Следната година била одбрана како ексклузивка на Calvin Klein, ги отворила ревиите на Giles Deacon, Isabel Marant, Christopher Kane, Fendi, MaxMara, a ги затворила на Diesel, Marc Jacobs, Stella McCartney и Balmain. Истата година била и семи-ексклузивка на Prada што значело дека неможе да биде ангажирана за ниедна друга ревија пред онаа на Prada, оддржана на Њујоршката и Миланската модна недела.

Во 2008ма била дел од кампањите на Givenchy, Belstaff, Just Cavalli, и H&M, додека во 2009та година била одбрана за една од 30те најдобри топ модели од Vogue Paris. Во 2010та била наградена со признанието од Британските модни награди за “Модел на 2010та година”. Истата година влегла во модната историја како единствен модел одбран од Calvin Klein Inc. како заштитно лице за зимските колекции на трите свои брендови Calvin Klein Collection, ck Calvin Klein и Calvin Klein Jeans.

На листата на Форбс за најплатените светски модели се најде на 7мото место, со заработка од 4 милиони долари. Мажена е за британскиот комичар David Walliams.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваСкулптури од книги | Sue Blackwell
Следна објаваИсповедите на една купохоличарка – Софи Кинсела
Вљубеник во уметноста и дизајнот, пружа несекојдневна и ретка презентација на истите. Носител на особена артистичка визија поткрепена со последните модни случувања, својата визуелна меморија успешно ја инкорпорира во светот на заборавените уметнички вредности. Подржувач и промотор на хуманоста, вешто ја унапредува како креативната, така и хуманата страна на животот.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР