Среден век, стариот манастир Марианброн: живеалиште на игуменост Даниел, кој е способен да биде светец, но не и научник. Едноставен и мудар, описот на овој протагонист на Хесе. Во истиот манастир се наоѓа и Нарцис, почетник во Божјата куќа, со улога на најмлад учител. „Тие повеќе не можеа да издржат еден покрај друг“, иако помеѓу нив постои извесна доза на симпатија… се додека младиот Златоуст, не се појави во истиот манастир, како опонент на Нарцис, по младост и убавина.

Со Божја заклетва, обајцата се посветуваат кон световен живот вон земските задоволства – иако се апсолутно спротивни, бидејќи Нарцис е човек на рационалниот аскетизам, додека Златоуст е човек на љубовната сетилност, оваа нерамноправност е суштината на нивното длабоко пријателство. „Не е наша цел да се споиме еден со друг, да се идентификуваме; треба само да постоиме со разбирање и вреднување на различното: нашата контрадикција значи и обострано дополнување“. Проблемот на Нарцис е претераната контрола, додека Златоуст страда од симптомите на сопственото детство, што успева да го забележи и игуменот. Влијанието на пријателите еден врз друг константно бледее, водејќи ги до точка на разделба:нашата разлика не е единствено во потеклото, различни сме по душа и ум“, вели Нарцис и се изолира во самотија. Спротивно на него, Златоуст заминува на пат околу светот, следејќи го сопственото задоволство. Во неможност да ги издржи сите задоволства на светот, заминува на исповед каде уметноста на локалниот манастир го фасцинира – тој влегува како чирак кај Мастер Никлаус, со тест-дело, по модел на Нарцис. Како уметник, Златоуст успева да ја најде својата смисла на живот. Повторно навраќајќи се на старото темпо на живеење, по сите изгледи патот повторно го води кон Нарцис…

Двојноста од ликови и двојноста на чувството во сопствената душа како вечна борба во битието на еден човек се состојат од прашањето „Дали го барам правилното или го барам убавото?“ – оваа приказна која се врзува за адолесцентен карактер и пат на созревањето преку силата на вистинското пријателство. „Нарцис и Златоуст“ го илустрира овој пат, наградите и трошоците долж истиот, кон конечно пристигнување до крајната смисла.

Коментари

коментари

СПОДЕЛИ
Претходна објаваМарокански стил во домот
Следна објаваЖивотот е сепак убав!
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

НЕМА КОМЕНТАРИ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР