На Кристијан Неделковски од Скопје итно му е потребна трансплантација на срцето за да преживее. Две конзилијарни мислења од Клиниката за кардиологија и од болницата Филип Втори го потврдиле тоа, но државата му го одбила барањето за финансиска помош за операција во Берлин која чини 330 илјади евра.

 
Само 25 проценти од капацитетот на срцето на Кристијан се во функција. Вели дека не може да направи повеќе од 10 чекори и дека постојано мора да лежи.

Во образложението на комисијата за лекување во странство при Фондот за здравство стои дека не се очекува успешно излекување, објави Сител. Последната надеж за ова младо момче е ставот на второстепената комисија при министерството за здравство, но повеќе од 2 недели нема одговор на неговата жалба, а состојбата му се влошува. Средствата за да се спаси животот на ова момче хуманите граѓани може да ги донираат на следната жиро сметка, или пак на телефоните:

[message_box type=”note” icon=”yes” ]

200002378293134, СТОПАНСКА БАНКА НА ИМЕ КРИСТИЈАН НЕДЕЛКОВСКИ,

IBAN MK 07200002451809046

SWIFT STOB MK 2X

И НА ТЕЛЕФОНИТЕ :

077-143-193 НА ВИП

070-143-122 ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА Т МОБИЛЕ

075 143-450 ЗА КОРИСНИЦИТЕ НА ОНЕ

[/message_box]


1 коментар