Без разлика дали сакате мирен одмор или авантуристички провод, Мармарис е местото кое ќе ви овозможи се. Тој е еден од најпопуларните туристички градови на југозападниот брег на Турција со најпознатото пристаниште за јахти и посетеност од 400 000 туристи годишно.

Овде има голем избор на луксузни хотели, апартмани, ресторани, ноќни клубови и шопинг центри. Но, пред се ќе бидете освоени од недопрената природа, плажите на кои им е доделено Сино знаме (еко – награда), скриените заливи, античките градови, планините со реки и водопади… Затоа, погледнете кои десет работи треба да ги видите кога ќе отидете во Мармарис.

1. Iclemer
Ресорт оддалечен 8км од Мармарис. Необична атмосфера од борова шума која се наоѓа околу плажата со палми и еукалиптуси. Освен во Калифорнија, тука е единственото место каде што расте дрвото – Sigla.

2. Тура со брод низ Dalyan
Популарен ресорт на 80км од Мармарис. Чудо на природата каде што се соединуваат морето и езерото. Областа е позната по златната плажа Iztuzu, морските желки, лековитата кал и античкиот град Kaunos.

3. Посета на островот Седир и плажата Клеопатра
Островот се наоѓа на оддалеченост од 18км северно од Мармарис. Познат е по златните песоци на Cleopatrha Beach и по античкиот град Cedrae.

4. Aква паркови
Во Мармарис има 2 Аква паркови – најголем и најпопуларен во Турција е Aqua Water Park а другиот е Atlantis Water Park.

5. Jeep Safari тура
Возбудлива авантура каде ќе видите многу природни атракции возејќи се низ ридовите со скриени селца, реки и водопади.

6. Тврдината Marmaris
Тврдината Marmaris датира од 1044 година п.н.е. Сега е музеј со седум простории – галерии на археолошки и етнички постановки. Од тврдината може да ја погледнете прекрасната панорама на градот.

7.Тurunc
Живописно рибарско селце оддалечено 20км јужнo од Мармарис. Во овој регион се одгледуваат разни видови на овошје: калини, боровинки, смокви, сливи како и еден вид на портокал со специфичен горчлив вкус според кој селцето го има добиено името. Овде, прошетката по планината е задолжителна. Turunc е преполн со јахти и бродчиња особено навечер, па затоа дојдете порано за да фатите место во некој од рестораните.

8. Нуркање
Во близината на Мармарис има 52 локации за нуркање од кои најпосетени се: Baca (The Chimney) Cave, Hayitli Cape, Sari Mehmet Cape, KeciAdasi (Goat Island) Lighthouse, Ince Cape, Abdi Reis Cove, Yazih Rock, Aksu Cove, Kutuk Cape, Kadirga (Galleon) Cove.

9. Пазарот на Мармарис – Marmaris Carsi
Сместен е во центарот на Мармарис каде може да најдете буквално се и секако да купите еден од сувенирите кои ги изработува локалното население.

10. Крстарење
Голем избор на тури со кои може да ги видите сите убавини на Егејското крајбрежје се до Бодрум каде ќе уживате во прекрасните плажи, историските локалитети и разните природни убавини.

Коментари

коментари

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР