На само неколку дена до премиерата, ви ја претставуваме приказната која со нетрпение се очекува од љубителите на филмската романса.

По огромниот успех кој го доживеа ,,Три метри над небото’’, режисерот Фернандо Гонзалес Молина со второто продолжение насловено ,,Те посакувам’’ одново ќе се обиде да измами воздишки кај обожавателите на љубовната сторија за Аче и Баби.

Филмот е адаптација на успешната книга од Федерико Моча, а главната улога повторно му е доверена на Марио Касас, шпанскиот актер миленик на женската публика.

Моменталниот идол на илјадниците фанови ширум светот, младиот шпански актер Марио Касас, придружуван од преубавата Мариа Валверде и атрактивната Клара Лаго, ќе ве водат низ сторијата за момчето кое зад јачината и грубоста, крие сензитивност и романтичност, на која не oстанува рамнодушен ниту еден љубител на жанрот.

Аче (Касас), по заминувањето и повеќегодишниот престој во Лондон, одлучува да се врати во Барселона. Но, нештата кои ги затекнува не се истите, како што тоа било некогаш. Сите луѓе од неговото опкружување се променети, па и тој самиот. Само едно работа е останата иста: сеуште не успева да ја заборави Баби (Валверде), најголемата љубов во неговиот живот. Од друга страна, Баби има започнато нов живот и е свршена со друго момче. Аче се обидува на секој можен начин да започне од нула, менувајќи го амбиентот, излегувајќи со други пријатели, барајќи нова работа. Ја запознава Хин (Лаго), цврста и интензивна девојка, со која споделуваат многу слични интереси, и која ќе успее да се вовлече во неговиот свет. Двајцата се впуштаат во емотивна врска, но… доволна е една средба со неа, Баби, на забава, за повторно да го обземе морето сомнежи и измешани мисли за неговата стара љубов. Ќе успее ли Аче да ги потисне неговите чувства кон Баби?

Во дистрибуција на Warner Bros Pictures Espana, ,,Те посакувам’ ќе се појави пред публиката на 22 јуни. Дотогаш, ве потсетуваме на се она што овој филм има да понуди, преку официјалниот трејлер за љубовната романса која ќе го обележи престојното лето.

СПОДЕЛИ
Претходна објава10 работи кои треба да ги направите во Мармарис,Турција
Следна објаваПрекрасниот Хотел Du Cap Eden Rock
Воден од премисата дека патувањата се празник за душата, а убавиот топол дом нејзино единствено прибежиште, во рамки на креативната страна на животот ги промовира содржините со кои ги збогатува ваквите видици. Неуморен трагач по малите животни радости, со космополитски дух, неизмерна љубов кон животните и пасија кон сите уметнички форми на емотивна експресија. Вљубеник во минимализмот, алтернативната музика, пишаниот збор на Мураками и шармот на Јужна Франција.

НЕМА КОМЕНТАРИ