Откако се воодушевивме на идејата под наслов „Помош, се заглавив помеѓу страниците!“ и видовме како едноставно може да ги сепариме прочитаните од непрочитаните страници со обележувалките за книги, овој пат, повторно инспирирани од Etsy, неисцрпниот портал за креативна материјализација преку рачна изработка и продажба, споделуваме со Вас несекојдневни bookmark-ови за Вашите книги.

Станува збор за идеја која се содржи од картичка во должина на стандардна книга, чиј крај го красат чифт нозе; претежно женски, кои се разликуваат во изборот на чевли. Некои од нив се позајмена адаптација од Алиса во земјата на чудата, Дороти и Волшебникот од Оз или во краен случај, поубавата половина на Франкенштајн. Сума сумарум, идејата е крајно интересна и прифатлива за изработка во домашни услови доколку располагате со креативна волја, слодобно време и малку глина. Подарете им го на Вашите книги овој уникатен аксесоар.

СПОДЕЛИ
Претходна објаваФото на денот | Планета Плоштад Македонија
Следна објаваSupercalifragilisticexpialidocious
Задолжена за најблагорoдната навика, наклонетоста кон книги. Стои на ставот дека умереноста е универзален клуч, нејзината перфекционираност јасно ги селектира информациите со кои врши промоција на книжевната уметност. Живеејќи неколку животи паралелно - како читател и автор, приврзаничка е на ендемичниот вид на автори, модерен конзервативец кога се во прашање вредностите на животот, а истовремено, вечна вљубеничка во убавото.

1 коментар

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР